Достапни курсеви

Претприемништвото е процес на дизајнирање, започнување и водење на нов бизнис, кој на почетокот најчесто е мал бизнис, од луѓе што се нарекуваат претприемачи и кои се подготвени да преземат ризик за да остварат профит. Таквите бизниси имаат за цел главно решавањето на проблемите во индустријата и услужните дејности.

Основната идеја на мисијата на социјалното претприемништво е да создаде и да одржи општествена вредност. Ова е суштината на она што ги разликува социјалните претприемачи од бизнис претприемачите, дури и од општествено одговорните бизниси.  Социјалното претприемништво мора да ги адресира социјалните проблеми или потреби кои не се задоволени од приватните компании или владата.

Целта на оваа тема е да ги објасни реалните проблеми во имплементирањето на социјалното претприемништво и извлекување на добри практики и лекции од искуството на другите социјални претприемачи.

Општеството не е нешто што e фиксно и завршено. Тоа постојано се менува - нагло, предизвикувајќи драматична промена во животите на сите социјални групи или толку незначително што тешко може да се забележи. Историјата на секое општество се состои токму од таквите промени. Социјална промена е секоја промена во социјалните односи. Во потесна смисла, социјалните промени се сфаќаат како промена во социјaлната структура на општеството.

Целта на материјалот за обука е да им покаже на социјалните претприемачи како нивната социјална размена може да биде корисна во нивните намери. Обемот на предавањето е фокусиран на некои од применетите аспекти на теоријата на социјална еднаквост - дефиниција, анализа на трошоци и придобивки, споредливо ниво, споредливо ниво на алтернативи.


Целта на материјалот на овој модул е да им покаже на социјалните претприемачи како нивниот социјален капитал може да биде корисен за остварување на нивните намери. Опфатот на предавањето е фокусиран на некои од основните применети аспекти на теоријата на социјалниот капитал - дефиниција, димензии, влијание, градење и развивање.


Социјалните мрежи претставуваат социјални структури создадени од поединци или организации (наречени јазли) кои се поврзани преку специфични меѓусебни врски. Овие јазли разменуваат информации или преку лична интеракција или преку комуникациски технологии. Структурата на една дадена мрежа - кој комуницира со кого, колку често и под кои услови - има големо влијание врз протокот на ресурси преку самата мрежа. Во својата наједноставна форма, социјалната мрежа претставува мапа на сите релевантни врски помеѓу сите јазли.


Можеме да ги наречеме социјалните претприемачи "неразумни" луѓе, ако ја парафразираме досетката на драмскиот писател Џорџ Бернард Шо дека разумните луѓе се прилагодуваат на светот, додека “неразумните” луѓе го прилагодуваат светот на себе.

Постојат многу дефиниции за социјалната вредност, но за нашите потреби можеме да го прифатиме следново: Социјална вредност е квантификацијата на релативната важност што луѓето ја придаваат на промените што ги искусуваат во својот живот.


Целта на оваа тема е да ги запознае учениците со основните концепти и фактори кои влијаат на првите чекори во започнувањето на социјалното претпријатие

Целта на оваа лекција е да ги презентира клучните елементи потребни за подготовка на бизнис план за социјални претпријатија со цел градење и одржување на ефективно социјално претпријатие. Обемот на овој материјал ќе вклучува насоки за проценка на ризик, финансиско планирање, управување со човечки ресурси и време, маркетинг, прибирање финансиски средства и придружни документи.


Дефинирањето на социјалното претпријатие може да биде предизвик, во најголем дел поради тоа што самиот концепт брзо еволуира во последниве години и се повеќе ги замаглува граничните линии на традиционалнот бизнис, владиниот и непрофитниот сектор.

Наједноставна дефиниција што представува лидерство е: активноста на водење на група луѓе или организација, земја, итн. или способност да го стори тоа.

Целта на оваа единица е истражување и подобрување на техниките за надминување на можните пречки. Го покрива справувањето со проблемите кои се специфични за социјалното претприемништво и нуди насоки за справување со истите.